Еден патник и 187 празни места во авионот, е неверојатна сцена која е забележана на летот од Вилнус до Бергамо. Кој не би посакал да биде сам на 10.000 висина, стјуардесите да бидат тука само за него, а пилотот преку разглас да му се обраќа со “почитуван патнику”?
Скирмантас Стримаитис ја имал таа среќа, па од литванската престолнина Вилнус сам летал до италијанскиот ски центар во Бергамо.
Агенцијата Новатурас соопшти дека ангажирале чартер лет кој требало да врати група патници од Италија, но за авионот да не лета празен во еден правец, продавале карти само до Бергамо. Продадена била само една карта.