(ВИДЕО) Дознале дека професорот спие во училиште, бидејќи нема пари: Затоа решиле да го изненадат со неверојатен гест!

Бруно Рафаел Паива, професор од Бразил, се соочил со големи финансиски проблеми.

Тоа го дознале и неговите ученици. Тие откриле дека нивниот професор не добил плата веќе два месеци, па поради тоа бил приморан да спие во школото.

Ја заменувал колешката која земала породилен одомр, но поради спората бирократија плата не добил два месеци.

Кога го дознале тоа учениците, собрале 400 долари и му ги подариле како “плата”. Тој гест навистина го погодил:

– Ова не е реално! Како можевте да го направите ова?- рекол тој кога ја отворил кутијата во која се наоѓале парите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.