Двојазичноста која произлезе од дилот на СДСМ и ДУИ во пракса предизвикува проблеми дури и меѓу нивните функционери. Градоначалникот на Велес бурно реагираше на говорот на министерот за образование кој на новинарско прашање поставено на Албански најпрвин одби да одговори и на Македонски, пренесува Алфа.
Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаа што всушност се случува на прес конференцијата.
Слични проблеми имаше и минатата недела. Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими кој воедно е и координатор на пратеничката група на партијата, на прес-конференција за медиумите говореше само на Албански јазик.
Откако новинарите реагираа изјавата да биде дадена и на Македонски, во одбрана на Алими застана лидерот на ЛДП Милевски, по што неговиот колега од ДУИ ја напушти прес-салата.
Вицепремиерот Бујар Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу, која по потекло е од Албанија, исто така на официјална прес-конференција, се обратија само на албански јазик, по што следеше оправдувањето– требало да има превод на македонски, ама преведувачот задоцнил.
Извор: “Алфа ТВ”