Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ е познат по неговите уникатни пречеци, кога се во прашање посетите на лидерите на земјите од светот во Србија.
Дачиќ не го испуштил моментот, па за време на вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин во Белград, му ја запеал популарната руска песна “Каљинка”.
Граѓаните на Србија коментираа на Фејсбук дека едвај чекаат во посета на Србија да дојде претседателот на Порторико, па Дачиќ да ја запее “Деспасито”.
Погледнете: