(Видео) ГРАЃАНИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ДАТУМОТ: Го бараа и во охридското езеро, ама најдоа само сидро

-Да се помага онаму каде што е најпотребно, е запишано во темелите на Унијата на млади сили ВМРО – ДПМНЕ, и затоа денес решивме да ги надминеме разликите и да им помогнеме на Владата да го најде изгубениот датум за преговори.

Го баравме во канали, депонии, зад објекти, во шахти, излеговме и на автопатите кои ги изгради ВМРО – ДПМНЕ за случајно да не иcпaднaл таму додека го носеле, го баравме и по планини да не иcпaднaл од владиниот авион, ја пребаравме буквално цела Македонија но датум – нема!

Туку, оставка рековте кога, прашуваат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.