Живописното градче Герлиц, на крајниот исток од Германија, е добро зачуван бисер во кој се снимаат и многу холивудски филмови како “Гранд Будапест хотел”, “Пpokлетници” и “Читач”.
Меѓутоа, стариот град со фасади со пастелни нијанси, кој привлекува 140.000 туристи годишно, има и друга, мpaчна, страна.
Градот е познат по тоа што таму се најниските плати во Германија и по неговите радикални десничари.
По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Германците од Источна Германија масовно преминувале на запад, па во 2013 година бројот на жители опаднал на 54.000.
The German city offering free accommodation and free workspace https://t.co/41cr12RhjT by @dlepeska
— Guardian Cities (@guardiancities) September 25, 2019
Градските власти сфатиле дека мора нешто да преземат ако сакаат да го прекинат тој тренд и така дошле на идеа да нудат бесплатни станови и деловен простор за еден месец.