На интернет се појави ново видео со содржина од воените операции во Сирија, направено на крајот од април. Не се наведува каде е снимено, но главните актери се снајперист на терористичката Исламска држава и сириските војници.
На почетокот од видеото се гледаат срушени згради некаде во Сирија.
На спратот од срушена бетонска конструкција се гледа потег кој го издаде снајперистот.
На сириската војска и биле потребни само неколку минути за да го лоцираат и со фрлени рачни ракети да го погодат.
А.Г.