Двајца Ирци тргнале со детектор за метал да го бараат прстенот, но не можеле да претпостават дека ќе си заминат дома побогати за 100.000 фунти.
Пол Рајнард (44) заедно со својот најдобар пријател Мајкл Гвин (52) пронашле “ќуп со богатство” на ливада во Северна Ирска.
Пронашле 84 златни монети кои датираат од 16 век. Експертите велат дека една монета со ликот на Хенри VIII вреди 5.000 фунти.
— MrsHirez (@MrsHirez) November 8, 2019