Поради засега непознати причини, попладнево избувна пожар на депонијата “Алинци” во близина на Прилеп. Црни облаци од чад предизвикаа загриженост кај граѓаните, кои и така се жалеа на непријатна миризба во градот во изминатите 2 месеци.
За среќа, како што информираат од ЈКП “Комуналец” Прилеп, пожарот се става под контрола со помош на вработените во претпријатието и екипа на Територијалната противпожарна единица.
-Ве информираме дека пожарот на депонијата во Алинци се става под контрола. Во моментов се делува со расположивата градежна механизација, цистерните од ,, Комуналец” и ТППЕ како и вработени од јавното претпријатие. Заради близината на фабриките ВИК и ГЕНТЕРМ истите самоиницијативно овозможија вода да се полни од нивните хидранти за што сме им благодарни. Вработените од јавното претпријатие со надчовечки напори успеваат да го локализираат огнот – стои во соопштението.