Голем пожар попланево гори под Плетвар пред каменоломот, во непосредна близина на селото Тројаци.
Сообраќајот е во прекин во двата правци на патот Прилеп-Росоман. Колоните возила се протегаат од влезот во Прилеп до камен дол, велат луѓе кои се заглавени и чекаат.
До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од пожарот кој гори на неколку места.
Според неофицијални информации патот за сообраќај треба да биде пуштен за половина час.