(Видео) “Големиот” Роналдо удри ayтистично дете од публиката

Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон, а сето тоа поради неговиот потег при напуштањето на теренот.

Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.

“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напишал Роналдо на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.