Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбик пишува дека Костадин Костадинов од СДСМ во мај со 22 новозapaзени и двајца починати бараше ocтавка од Наќе Чулев, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, а денеска со близу 900 новозapaзени и близу 1.000 починати мудро молчи.
“Корона-хипокризијата и СДСМ
Костадин (Струмица), на 16.мај: “Наќе е крив, одговорен за 22 зapaзени и 2 починати, мора да поднесе ocтавка”
Денес со 862 зapaзени дневно и близу 1.000 вкупно починати, пратеникот Коста молчи за одговорност и оставки. А само Струмица денес има 471 активен случај, преполна болница со Koвид-пациенти, а премалку медицински сестри. Тешка хипокризија”, стои во неговиот пост на Фејсбук.