Пропусти и гафови во низа – македонските институции постојано прават грешки во протоколот, а по се изгледа најголем проблем имаат со државните знамиња – објави “ТВ АЛФА”.
Симболот на Црна Гора беше превртен наопаку на средбата Пендаровски – Ѓукановиќ по што Македонија упати и официјално извинување.
Претходно премиерката на Србија беше пречекана без свечената гарда да го држи и знамето на земјата од која доаѓа, францускиот амбасадор беше седнат пред холандското знаме, а најголем гаф имаше при посетата на австрискиот канцелар кој химните ги ислуша пред латвиското наместо пред австриското знаме.
Од Академијата за протокол велат дека ваквите грешки се прават од неинформираност и непрофесионалност но дека оставаат навистина лош впечаток пред странските гости за целата држава.
„Да се учи дека знамето треба да се провери. Тоа не е нешто автоматски што се става. Се повредуваат чувствата и на гостинот и на еден цел еден народ. Мислам дека е крајно време да почнеме да учиме од грешките“ изјави Лукреција Маљковиќ – Атанасовска, директор на Академија за протокол.
Но, освен со знамињата институциите прават некогаш ненамерни а некогаш можеби и намерни пропусти и со химните. При официјалната посета на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас целосно беше прескокнат овој дел од протоколот, веројатно за гостинот да не биде навреден од текстот…
Пејачката Тамара Тодевска беше на тапет кога на приемот во американската амбасада го промаши текстот на химната прескокнувајќи цела строфа.
Дека најчесто се се сведува на импровизација и се прави буквално во 5 до 12 покажа и посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пред кого буквално се метеше црвениот килим.
Прекршување на протоколот имаше и при посетата на Папата Франциск. Негов домаќин беше тогашниот претседател Ѓорге Иванов чија чест и обврска беше да го пречека и испрати до авионот, но на црвениот килим се појави и премиерот Зоран Заев за кого немаше баш место…
ВИДЕО прилогот на “Алфа” погледнете го ТУКА