Кинеските власти го одблокираја излезот на Вухан, градот кој беше жариште од каде започна епидемијата на коронавирусот и 76 дена беше отсечен од светот.
Ноќта на 8 април властите ги отворија патиштата на излезот од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат.
Вухан од 23 јануари беше целосно изолиран од надворешниот свет поради епидемијата. Сообраќајот во градот беше целосно запрен, вклучувајќи го метрото, автобусите, траектите. Затворени беа и аеродромите и железничките станици, а на граѓаните им беше забрането да излегуваат без посебно одобрение.
Wuhan lifts lockdown for the first time since January 23 pic.twitter.com/qP1cyFpp4I
— ian bremmer (@ianbremmer) April 7, 2020
Bell stroke 12 as Wuhan lockdown was officially over on 00:00 8th April. People cheering, lightshow glowing, cars exiting #Wuhan.
Congrats on my rising city. Wish it bring you hope, who are still fighting. Dawn is ahead☀ pic.twitter.com/4N1ocwfVZB— Claire Chen (@ClaireRChen) April 7, 2020