Од тинејџери до мажи од 50 години, овие луѓе секојдневно тренираат во Акада, што на превод од хинду јазикот значи боречка арена.
Таму се борат во кал, се качуваат на јажина и прават над илјада склекови додека се потпираат на цигли. Исто така се носат на грб, што е дел од традиционалниот начин на вежбање во Индија, а некои од нив креваат мотори тешки 350 килограми.
Тие се хранат здраво и вежбаат секојдневно, ете зошто се толку силни- објаснува Виџај Танвар, главен тренер во Акада.
Овие момци обично наоѓаат работа во Њу Делхи како обезбедување.
– Здравјето е богатство. Не само што сме здрави, туку заработуваме и пари за да ги праќаме децата во добри училишта и да им овозможиме здраво да се хранат.