(Видео) Водата исфрли неочекувано нешто на брегот на Валона

Гигантска мрTBa морска желка е пронајдена вчера рано наутро во областа на Старата плажа во Валона, Албанија.

Желката е од видот “Dermochelys Coriacea”, а се појави на брегот како резултат на лошите временски услови и силните ветрови, јавува Балканвеб.

Инаку овој вид на желки не живеат во Јадранско Море. Научниците објаснуваат дека поради загадувањето на морињата желките ја губат ориентацијата и може да залутаат.

На видеото може да се забележи како морето ја исфрла желката од џиновски размери, додека брановите удираат во неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.