Венеција е позната светска, туристичка дестинација, но сега е целосно празна поради kopoнавиpycoт.
На улиците, плоштадите, но и во рестораните кои обично се преполни, сега може да се види само по некој турист, а повеќето со заштитни маски.
Каналите се испразнети, а туристичкото разгледување со гондола е вистинска реткост.
Намален и бројот на летови во овој град кој годишно го посетуваат околу 30 милиони луѓе. Откажан е и познатиот карневал.