(ВИДЕО) Величествен собир за Водици во Охрид: Никола Јакимоски прв стигна до Светиот Крст од осветените води на Охридското Езеро

Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води.

Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран.

Традицинално по осми пат, тимот на Livestream.mk предводен од професионалецот Стојан Стојановски вршеше пренос во живо од Охрид за сите кои не можат да присуствуваат, овој пат со повеќе опрема, настанот беше емитуван во живо од најразлични агли.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.