(Видео) Вакво нешто не е видено: Колона од нафтени танкери пловат по морињата- еве што се крие позади оваа глетка

Поради виpycoт “застана” светската економија. Стотици огромни танкери пловат по светските мориња и ги затвораат големите светски пристаништа.

Танкерите се преполни со нафта за која сеуште нема купувачи.

Членките на ОПЕК на почетокот од април постигнаа договор за намалување на дневното производство на нафта. Тие ќе продолжат да ги произведуваат минималните 15 милиони барели. Овој април, независно од оваа одлука, падна побарувачката на нафта во светот за речиси 29 милиони барели.

Се создаде огромен вишок на нафта, поради што многу нафтени резервоари ширум светот беа наполнети до крај. Во такви услови производителите и преработувачите на нафта започнаа да користат танкери како поморски резервоар за вишокот на нафта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.