Полуматурантите од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево на својата прослава играле ора, а на видеото кое го објави порталот “Делчево365.мк” може да се види како го совладале познатото, но и тешко „За појас“.
„Браво деца за тоа што не го заборавате македонскиот фолклор, македонските песни и сѐ она што ни оставиле во аманет нашите предци. Така се гаи културата, така се оддржува една нација. Па ние нели сме Македонци – тоа е нашата одлика“, пишува во еден од коментарите на воодушевените гледачи на видеото.
ВИДЕО:“Делчево365.мк”