“Брегзит” сагата и понатаму трае во Велика Британија. Одлуката на Борис Џонсон да ја “извлече” Британија без договор наиде на осуда од парламентот.
Џонсон се обиде да го распушти парламентот и да распише нови избори, но и во тоа не успеа.
Британската влада, на барање на пратениците, го објави најлошото можно сценарио што би можело да се случи доколку државата излезе од ЕУ без договор.