(Видео) Бред Пит со шега за Меган и Хари – ги насмеа и Кејт и Вилијам

Актерот Бред Пит, добитник на БАФТА награда за најдобра споредна улога во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ не се појави во Лондон на самото доделување на наградите, но се погрижи неговиот говор за благодарност да крене прашина во свeтската јавност.

Актерката Маргот Роби прими награда во негово име, а прочита и негово писмо. Актерот се заблагодари во свој стил и ги насмеа присутните.

„Хеј Британијо, само што слушнав дека си се развела. Добредојде во клубот. Ти посакувам се најдобро во бракopaзводната парница бла, бла, бла“, беше дел од шегата со која го опфати излегувањето на Велика Британија од Европска Унија.

Сепак, тоа не било се. Имено, Бред се осврнал и на заминувањето на Меган Маркл и принцот Хари во Канада и нивното одрекување од кралските должности, додека во публиката седел неговиот брат, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.

„На наградата ќе и додели име Хари затоа што е навистина возбуден што ќе ја понесе во САД. Тоа се негови зборови, не мои“, прочитала Маргот и ја насмеала цела сала, па дури и Вилијам и Кејт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.