(ВИДЕО) МИСТЕРИЈА: Богата вдовица изградила морничава вила – 2000 врати кои не водат никаде

screenshot_1-7-640x393

Откако наследила 20 милиони долари по смртта на сопругот Вилијам, во 1881 година, Сара Винчестер изградила огромна вила на 65 хектари во Санта Клари во Калифорнија.Таа била сама, без деца, па поради тоа паднала во депресија по смртта на сопругот , а својата палата ја изградила за да и поминува времето”полесно”.

Сара постојано ги менувала плановите, скоро секојдневно. Градежните работници бил многу добро платени, па ги исполнувале сите желби на Сара. Домот на Винчестер има 300 соби на 7 ката, 13 купатила, две балски соби, 6 кујни, 47 камини, два подруми, три лифтови…

Мистеријата која ја опкружува Сара и нејзината палата направила луѓето уште да ја сметаат оваа вила за проколната. Токму Сара сметала дека ја прогонуваат духови кои се убиени од пушките “Винчестер”, бренд на пушки кој го измислил нејзиниот сопруг.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.