Битолчанецот Игор Илиевски Мусо вечерва со потег кој го поздравува неговиот град, но ќе биде доживеан како провокација од Бугарија.
Тој сам ја исчисти таблата поставена во чест на активностите на битолските великани кај Ат Пазар.
„Таблата од непознати лица пред неколку дена беше пречкртана со спреј во делот на ‘бугарскиот фашистички окупатор’. Граѓаните самостојно продолжуваат да делуваат во грижата и заштитата на заедничкото културно-историско наследство во отсуство и летаргичност на надлежните“, јавува битолскиот портал Бабамбитола.мк, од кој на Мусо му порачуваат: „Секоја чест Игоре и се гордееме со вакви сограѓани“.
Кога нема институции во Македонија, Игор Илиевски – Мусо со подвиг на денот ? pic.twitter.com/PaFGGAkQu8
— Демир (@Trollowsky) November 2, 2020