(Видео) Багpo балканска: Среде преполна плажа во Будва, туристи вртат јагне на ражен

Би било чудно доколку не се работеше за Балканот.

Кога станува збор за плажите, сепак, температурата надминува 40 степени редовно во овој период од годината и иако досега сме виделе секакви сцени, се чини дека ова е врвот.

Сите овие сцени, по правило, им се припишуваат на српските и македонските туристи, но овој пат нема потврда за тоа кој се одлучил за пикник на плажа, само анонимен коментар зад камерата: „Малку е жешко, но ајде ј**и га“.

На видеото се гледа како останатите посетители љубопитно гледаат во насока на јагнето кое се врти на ражен ко е поврзано со акумулатор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.