Лејмом Чикс (62) е уапсена во сабаотата под обвинение дека го загрозила животот и здравјето на нејзините внуци, по појавувањето на видеото на кое се гледа како децата излегуваат од кафез за кучиња кој се наоѓа во автомобилот.
Видеото го снимиле загрижени граѓани од Мемфис во американската држава Тенеси. Децата имаат седум и осум години, а Чикс тврдела дека ги ставила во кафез “бидејќи немало доволно место во колата”.
По апсењето на нивната баба, полицијата разговарала со децата. Како што рекле, им било многу жешко, а повториле дека нивната баба им рекла дека на седиштата во автомобилот нема место.