(ВИДЕО) Алкалоид на Kире Лазаров прегазен во Битола – Спектаклуларна атмосфера во “Боро Чурлевски”

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа доминантен натпревар против Алкалоид вечерва во салата “Боро Чурлевски” во Битола.

“Сино-белите” од Автокоманда, предводени од селекторот Кире Лазаров, беа немоќни да се изборат со разиграните “пелистерци” и со пеколната атмосфера која како и секогаш ја создадоа “Чкембарите”.

Крајниот резултат на семафорот беа високи 33:20, резултат кој поради подобрата гол разлика го качи Еурофарм Пелистер на врвот на Суперлигашката табела.

Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, осум додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразената екипа се истакна Мартин Серафимов со осум погодоци.

Погледнете дел од спектакуларната атмосфера во “Боро Чурлевски”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.