Само 21.6 проценти од гласачите гласаа на локалните избори во Албанија, кои ги организираше партијата на премиерот Еди Рама и покрај бојкотот на опозицијата и претседателот на државата Илир Мета.
Изборите поминаа во напната атмосфера поради стравот од евентуални инциденти, но такви не беа забележани. На локалните избори се гласаше за градоначалници и советници во 61 албански општини.
Освен ниската излезенот, овие избори ќе бидат запамтени по бојкотот на опозицијата, кој се случува за прв пат по падот на комуниситичкиот режим во 1990 година.