(ВИДЕО) АЛАРМАНТНО ВО ЧЕНТО: Улиците поплавени, вода во дворовите, жителите стравуваат за своите домови

По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.

Улиците се целосно поплавени, водата навлегува во дворовите на жителите кои стравуваат за своите домови. Велат им останува само да се надеваат дека нема да се повторат поплавите од август 2016 година.

Во пораките кои жителите ги испраќаат до редакцијата на “Инфомакс” има фотографии и видеа од состојбата во нивната населба, и тие наведуваат дека локалните власти и по сите најави за невремето и поројните врнежи, останале глуви и не преземале ништо.

Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.