ПТРД-41 е анти-тенковска пушка направена и користена од средината на 1941 од страна на Советската армија во Втората светска војна. Работи на принципот на затварач со по еден куршум од калибар 14.5×114мм.
Оваа пушка можела да го пробие оклопот на германските тенкови во текот на втората светска војна, а денес се користи во кризните подрачја како против-пешадиско оружје и оружје за неутрализирање на лесни оклопни мети.
Сепак, во подоцнежните периоди пушката е заменета со користењето на рачните ракетни фрлачи.