Започма спроведувањето на „Македонското сценарио“ на кое во текот на целата предизборна кампања предупредуваше Александар Вучиќ, кој вчера стана нов претседател на соседна Србија. Но, освен предупредувањето Вучиќ во текот на кампањата ијзави и дека ќе ги превземе сите неопходни мерки да не дозволи ескалација како во Македонија.
Според српските медиуми, група хулигани вечерва се собрале пред Народното собрание и на плоштадот Република во Белград незадоволни со резултатите од претседателските избори, и „дивјачки го искинале транпарентот посветен на жртвите на НАТО агресијата и терористите од ОВК на Косово и Метохија“, слично на нивните претходници во Македонија кои ги сквернавеа спомениците посветени на децата бегалци од Егејска Македонија, но и на великаните на Македонската историја.
Србија
Maкедонија
Српските медиуми објавуваат фотографии на кои се гледаат демонстрантите, како што велат, под дејство на алхохол, велјќи дека не го испуштаат пивото од рака.
Веднаш потоа започнале да ја гаѓаат зградата на парламентот со шишиња, јајца и банани.