ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ОРЕВОКРШАЧКА НА СЦЕНАТА НА НОБ

Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.

Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ на 28 март 2026 година со почеток во 19:30 часот, како и на 8 април од 20:00 часот.

Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото се дело на Саша Евтимова. Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, костимографијата Марија Пупучевска, концерт мајстор е Климент Тодоровски, а асистенти кореографи се Дмитро Чеботар и Маја Митровска Богојевска.

Во главните улоги настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско Хименез Руиз (Кавалер), Балаж Лочеи (Снежен крал), Наташа Трендафилова Гицев (Снежна кралица), Игор Веланоски (Дроселмаер), Бобан Ковачевски (Крал на глувците), Веселин Трајкоски (Лукас – Оревокршач), Гала Кочевска (Клара) и Марко Мијатовиќ (Фриц). Во изведбата учествуваат истакнати солисти, ансамблот, оркестарот и хорот на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Силно веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон развојот на општеството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.