„Вибер“ со нова опција: Корисниците задоволни, но не можат сите да го користат

„Вибер“ вчера официјално ја пушти новата верзија на апликацијата со една значајна промена, ноќен режим, односно опција за прилагодување на изгледот на интерфејсот со темни бои.

Но, оваа опција не е достапна за сите уреди. Всушност, можат да ја користат само оние кои имаат андроид-уреди и „апдејтот“ на „Вибер“ v.10.2.0. Темниот режим не е достапен за десктоп, за апликацијата за Виндоус 10, ниту пак за корисниците на епл-уреди.

За да ја добиете темната верзија на „Вибер“ треба да ја ажурирате на последната верзија, па потоа преку прилагодувањата да ја активирате рачно.

Ноќниот режим ќе ви помогне да заштедите батерија, но и полесно да комуницирате кога интензивната светлина ви пречи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.