Веќе знаат сите, во Прилеп е најдобриот салон за мотори – од градски до off-road ѕверки, повелете! (Фото галерија)

Прилеп доби нова, модерна дестинација за сите љубители на мотори, адреналин и авантура. Со отворањето на салонот на CFMOTO Прилеп, градот се позиционира на мапата на современи мото центри кои нудат целосно искуство – од избор на возило, па сè до врвна заштитна и дополнителна опрема.

Салонот располага со богат асортиман на мотори, ATV возила и опрема, наменет и за почетници и за искусни возачи кои не прават компромис кога станува збор за квалитет и сигурност.

Централно место заземаат моделите од CFMOTO – бренд кој бележи силен подем на глобално ниво. Во понудата се наоѓа урбаниот и практичен NK 125, идеален за секојдневно градско возење, како и моќниот NK 675, наменет за оние кои бараат повеќе динамика и перформанси. За љубителите на спортски дизајн, тука е и 450SR – модерен, агресивен и впечатлив модел кој не остава никого рамнодушен.

За авантуристите и љубителите на долги патувања, MT серијата нуди совршена комбинација од удобност, издржливост и слобода на движење, без ограничувања.

Во понудата се вклучени и TAO Moto моделите, кои нудат одличен баланс помеѓу стабилност, безбедност и забава. Моделите како ATV 300 Outlander и TAO 250 се идеални за сите што сакаат да излезат од рутината и да доживеат вистинска off-road авантура.

За најмладите љубители на моторите, достапни се и mini ATV модели од 110 до 125 кубици – одличен и безбеден почеток во светот на возењето.

Кога станува збор за сериозно теренско возење, изборот на ATV возила од CFMOTO, со зафатнина од 450 до 1000 кубици, нуди врвна моќ, издржливост и сигурност во сите услови – од планински патеки до екстремни терени.

Покрај возилата, во салонот може да се најде и комплетна мото и крос опрема – кациги, заштитна облека, куфери и бројни додатоци од DONTI MOTO, кои гарантираат побезбедно и поудобно возење.

Салонот е лоциран во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, на излезот од Прилеп кон Скопје, што го прави лесно достапен за сите љубители на мотори од градот и околината.

Со ова отворање, Прилеп добива ново место каде што се спојуваат адреналинот, квалитетот и современиот стил. За сите што сакаат вистинско возачко искуство – ова е дестинација која вреди да се посети.

Посетете ги уште денес и откријте го светот на две и четири тркала!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.