Вељаноски: Три месеци го замајуваа народот, сега два месеци ќе го малтретираат

Додека власта го малтретира и замајува народот и владее беззаконие, граѓаните се сè посиромашни, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

-Три месеци го замајуваа и малтретираа народот кога ќе бидат изборите и испадна единствениот можен термин 8 мај да бидат двојните избори претседателски и парламентарни избори. Сега два месеци ќе го малтретираат народот со техничка влада дали може без предлозите од опозицијата. За сето ова време народот осиромашува се повеќе, владее беззаконие. Секое хибридно решение е на штета на државата и обичниот граѓанин, смета Вељаноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.