Вељаноски денеска треба да ги распише предвремените избори

trajko-veljanoski-640x420

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни, врз основа на информацијата што беше лиферувана во јавноста на 7 овој месец по распуштањето на Парламентот.

Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски  избори, наведе Вељаноски во писмената изјава.

Тој тогаш апелираше до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за предвремените парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера и уште еднаш да потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.