Красимир Каракачанов уште еднаш јасно и недвосмислено ја потврди позицијата на Бугарија во однос на Македонија и македонското прашање во пресрет на отварањето на преговорите за влез на земјата во Европската Унија.
Како и многупати досега, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана најави блоkада на преговорите, доколку Македонија не го исполни Договорот за добрососедски односи и не се согласи на промените кои беа предмет на расправа на Комисијата за разгледување на историските проблеми. На прашањето дали Првата меѓувладина конференција ќе биде блокирана од страна на Бугарија, Каракачанов одговори:
„Се разбира. Вие се согласивте да си го смените знамето, да си смените името. Уште минатата година, во ноември, пред десет месеци, ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Тоа е доволна основа за Бугарија да го постави многу јасно ова прашање.“
Каракачанов уште еднаш повтори дека Бугарија ќе возврати доколку Македонија не пристапи кон рaзрешување на историските недоразбирања помеѓу двете зеји.
„Ние тоа сме го кажале сто пати во последите десет месеци дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на Првата меѓувладина конференција додека прашањата не бидат рачистени. Тоа е позицијата на Бугарија и тоа е многу јасна за Скопје….„, рече Каракачанов
Појак ТРИГЕР за рушење на Влада, нема ? pic.twitter.com/BCcpfTQV95
— Демир (@Trollowsky) September 9, 2020