Вечер со руска и македонска поезија во Градската библиотека во Прилеп по повод донација на литература од руската амбасада во Македонија

Во среда, 24. септември, со почеток од 17 часот, во Градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе се одржи манифестација “Вечер со руска и македонска поезија”, a по повод богата донација со руска литература, која доаѓа од Амбасадата на Руската федерација во Македонија.

На настанот свое обраќање ќе имаат градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, како и Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин.

Покрај читање на руска и македонска поезија, настанот ќе биде збогатен со историски осврт за Прилеп, музички точки, како и изложба на литература од руски автори од книжниот фонд на библиотеката и на донираната литература од руската амбасада, како и на фотографии од истакнати руски автори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.