Ако сте за супер забава и одличен рокенрол, тогаш ја имате новата генерација на овој вид на музика. Тоа е бендот “The Schmucks”, прилепски деца кои едноставно го сакаат овој ритам и уживаат кога ќе ги реализираат своите креативни идеи. Михаил, Кирил, Филип, Андриано и Дамјан го создадоа својот “Chaos”, музички запис кој си има и свое видео кое вирално и се споделува на социјалните мрежи.
Оваа прилепска музичка атракција која свири засега во Прилеп, Битола, Крушево и Охрид, својот прв настап го имаше во 2020 година и тоа на хуманитарна акција во кругот на новата автобуска станица во Прилеп.
Во бендот ”The Schmucks” можете да ги видите: Дамјан Ристески (тапани), Андриано Чолакоски (бас гитара), Филип Ристески (бас гитара), Кирил Трајкоски (ритам гитара) и Михаил Јагуриноски (вокал – главна гитара).
Вечерва како дел од проектот “Од 0 до култура”, дечките ќе свират трибјут на CREEDENCE на Камената бина во центарот на градот. Дојдете, поддржете ги и уживајте во прекрасна музика.