Вечерва по 41-ви пат ќе тргне “Илинденскиот марш” од Горно Лисиче: Меѓу коњаниците има три девојки

Од Горно Лисиче вечерва ќе тргне традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2018“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче вечерва со почеток од 18:30 часот ќе се одржи свечена литургија по што коњаниците ќе бидат испратени за Крушево,

Маршот оваа година се организира по 41 пат, а организиран е од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

“На манифестацијата ќе присуствуваат естрадни уметници, како и КУД ,,Никола Јонков Вапцаров”. Генерален спонзор e општина Аеродром. 41 година достојни на заветот на нашите предци: “Кога ќе порасните да одите во Крушево, да се поклоните на славните илинденци, на славните Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава – МАКЕДОНИЈА!”, пишува во настанот на Фејсбук.

Помеѓу коњаниците оваа година се и трите девојки: Драгана Каловска, Елена Мишева и Марија Стамболиска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.