Вечерва кулминација на “Пиво Фест”: Втората фестивалска вечер донесе забава за паметење (Фото галерија)

Штандовите и за време на втората фестивалска вечер беа преполни со посетители, а забавата која започна во 19 часот со настапот на Рок Блуз бенд, продолжи со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, за да кулминира со енергичниот настап на Брас Брадрс. На алтернативната сцена свои дј сетови имаа Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.

Денес се очекува и најмасовна посетеност на фестивалот. Бројот на посетители досега е големо изненадување и според организаторите далеку над сите очекувања и прогнози за првите два дена.

Со вчерашниот настап на Дивље Јагоде и денешниот на Хара Мата Хари, веќе во градот може да се забележат и гости од регионот.

Втората вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека сите кои од рано утрово пристигнуваат во Прилеп, а со тоа ги потврдуваат и очекувањата за голема посетеност денеска. Обезбедени 12.000 паркинг места, а во центарот на градот има изменет режим на сообраќај.

Вечерва, програмата на главната сцена почнува во 18 часот, со настапот на DJ Вера Јанковиќ, а продолжува со Суперхикс, Ламбе Алабаковски, Лозано, Некст Тајм и Хари Мата Хара, додека на алтернативната сцена свои Dj сетови ќе имаат Dj Mitrik, Dj Dimitr, Dj Alexander од ROOMMANIA.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.