Екипата на РК Прилеп вчера забележа нов триумф во ракометната Супер лига против Младост од Богданци, и ги зголеми шансите за учество во завршниот плеј-оф.
Натпреварот кој беше неизвесен до самиот крај, заврши со резултат 27:28 (13-9 на полувреме).
Ова беше втор триумф на прилепчани во само 3 дена, откако победија и на гостувањето кај Работнички во Скопје, па сега Прилеп се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Б, со четири триумфи, еден нерешен резултат и четири порази.
Најзаслужен за победата на тешкото гостување кај Младост беше ветеранот Реваз Чантурија, кој натпреварот го заврши со дури 13 погодоци. Друштво во листата на стрелци му правеше другиот Грузиец во екипата на РК Прилеп, Рустемов, кој забележа 6 погодоци.
Наредниот натпревар екипата на Прилеп го игра на домашен терен против составот на Тиквеш.