Ветеранот кој сезонава беше страв и трепет за противничките голмани, останува во РК Прилеп

Чантурија останува верен на Прилеп!

Капитенот а воедно и најискусниот ракометар во составот на Прилеп и на триесет и осум годишна возраст ќе тресе мрежи во Суперлигата и наредната сезона во дресот на Прилеп.

Популарниот Резо е еден од најзаслужните што Прилеп избори опстанок во елитното друштво и со тоа без никакво размислување постигнат е договор со раководството на клубот за продолжување на соработката со најдобриот стрелец на Прилеп изминатата сезона.

Грузиецот беше страв и трепет оваа сезона за противничките голмани и редовно постигнуваше по 7,8,9 погодоци.

Заедно со неговиот сонародник Казеин Рустамов беа одлични засилувања во редовите на РК Прилеп, и веруваме дека ќе продолжат со истото темпо и идната сезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.