Еве си седам со Кики и Мина по дома , почуствував потреба да ви се заблагодарам на сите кои изразивте подршка и кои сте со нас.Мина ме натера со нејзината храброст и доблест да напишам нешто што е многу важно… добив над 500 писма во инбокс од девојчиња , жени кои биле злоставувани и или не кажале никогаш затоа што мислеле дека се виновни и никогаш не го фатиле предаторот, напиша Весна Петрушевска.
-Сите останати кои продавате демагогии како детето ќе се справи сигурно нема вие истите да се бавите со неа , туку јас и стручен тим.Јас сум среќна мајка што детето ми кажа се и препозна злосторник.Ах да и за оние од твитер што слушам делеле памет за мене , глејте си го оџакот да ви чури, јас се борам и цел живот го имам посветено на работи кои може да се разговара отворено за нив.Ќе се јават уште силувани девојчиња со нивните приказни , и треба да се казнат сторителите.Не треба сожалување, треба љубов, подршка, храброст и доследност!, напиша Петрушевска.