ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА: Тунис ќе се крсти во Македонија, ние теоретски можеме и до првото место во групата

По четири одиграни кола (освен дуелот Шпанија- Македонија кој на програмата е утре) во групата Б веќе се јасни тројца патници во осминафиналето, селекциите на Шпанија, Словенија и Македонија.

macedonia-640x193

Исланд вечерва очекувано со 33:19 славеше над Ангола, со што европската селекција го мина Тунис на табелата и има 3 освоени бодови. Со денешниот нерешен резултат против Словенија, Тунис има два бода, но африканската репрезентација се уште има шанси за пласман во осминафиналето.

За Тунис да продолжи понатаму, потребно е во последното коло да слави очекувана победа над Ангола, а Исланд да биде поразен од Македонија, со што Тунис со 4 бода би се нашол на четвртото место во групата.

Тунис може да продолжи понатаму и со евентуален нерешен резултат на Македонија и Исланд, по што во тој случај и Исланд и Тунис би имале по 4 бода, имаат меѓусебен нерешен резултат и клучна ќе биде севкупната гол разлика, која во моментов е на страната на Исланд , бидејќи островјаните веќе ја “наполнија“ Ангола. Во овој случај, со ист број на бодови со Исланд, Тунис во последното коло ќе треба да слави со над 17 голови разлика против Ангола, што не е невозможно.

Кога Македонија е во прашање, математиките се јасни, ние имаме обезбедно пласман во осминафиналето, но не е сеедно дали на крајот ќе завршиме трети или четврти во групата. Македонија може дури и до првото или второто место, но за тоа покрај победа над Исланд во последното коло, ќе ни треба и чудо утре против Шпанија и триумф над “црвената фурија“.

Доколку Македонија успее да го победи Исланд, или одигра нерешено, тогаш со сигурност ќе го освои третото место во групата, што ќе значи избегнување на дуел со Франција во осминафиналето и натпревар против Норвешка за влез меѓу осумте најдобри. Доколку пак по некое чудо Македонија слави утре над Шпанија и во четврток против Исланд, тогаш нашите ракометари би го освоиле првото или второто место и би играле против Бразил или Русија во осминафиналето, кои секако се далеку полесни противници од Франција и Норвешка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.