Поддржувачот на политиките на власта и премиерот, Ненад Јовановиќ, кој е чест гостин по дебатните емисии, во синоќешното издание на “Само вистина”, кажа нешто за кое денеска му се смее цела Твитер заедница.
На Јовановиќ му се чинело дека политиките кои ги заговара новиот американски претседател Џозеф Бајден, се идентични со политиките на Зоран Заев.
После ова следуваше смеа во студиото од неговиот противник во дебатата, Александар Пандов, како и од водителката на емисијата.
Бајден тргна по стапките на Заев 🙂 pic.twitter.com/J9kADBsJ5y
— Big Cojones (@BigCojones6969) February 11, 2021