Овој викенд во организација на Велосипедската Федерација на Македонија и велосипедскиот клуб М.В.К. Велес, се одржаа државните првенства во поединечен хронометар и друмски велосипедизам.
Велосипедистите на Велосипедскиот клуб ИЛИНДЕН од Прилеп, оваа година освоија најмногу титули од сите клубови во Македонија, а севкупно и најмногу медали.
Со двојни Шампионски титули се закитија: Андреј Маџоски – категорија Кадети; Константин Костоски – категорија У15; Стефан Маџоски – категорија У13.
Со добри резултати се истакнаа и останатите двајца натпреварувачи, Никола Ристески – категорија Кадети – ја “изненади“ својата конкуренција и постигна одлични резултати – Вице Шампион во двете дисциплини.
Младен Петрески – категорија У15 – го освои третото место во друмската трка, додека хронометарот го заврши на високото 4-то место.
Ова е само потврда за напорната работа на младите велоспедисти. Да им посакаме да продолжат со своите успеси и на наредната трка т.е. Државното ридско првенство, кое ќе се одржи на 17.07.2022 на релација Битола – Ниже Поле.