Ракометарите на РК Прилеп, утре со почеток од 18:30ч, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките на петтото коло од Супер лигата, го дочекуваат силниот тим на Вардар.
По триумфот над Вардар Неготино во минатото коло, прилепчани се мотивирани, но против двократниот шампион во Лигата на шампионите ќе треба да одиграат најмалку 10 пати подобар натпревар и без грешки, доколку сакаат да стигнат до некаков позитивен резултат.
Во секој случај, момците заслужуваат поддршка и полна трибина! Да ја поддржиме екипата на Боби Мојсов, која предводена од капитенот Филип Велески, со сигурност ќе има што да покаже на теренот.