Велевска возврати: Кога немаш аргументи го изнесуваш „валканиот веш“ од дома

Фолк пејачката Елена Велевска преку Фејсбук ја сподели информацијата дека таа и нејзиниот сопруг со кој е 10 години во брак и имаат 3 заеднички деца, се разведуваат. Таа во статусот кој го напиша на Фејсбук обелодени дека била жртва на семејно насилство. Нејзиниот сопруг на тоа возврати дека се е лага и дека бил известен од адвокатот за барањето за развод, но се уште се под ист кров со се уште венчаната сопруга.

Велевска после излегувањето на веста во јавноста првото интервју го даде за Естрада плус, каде кажа дека за неа започнува нов живот каде треба да се покаже храбро.

„Завршува еден период кој што ми создавал проблеми во минатото и почнуваме нов живот во кој што треба да се покажеме храбри. Јас знам да се носам со сите падови, порази и успеси. Така ќе биде и понатаму, не се сомневам во себе и сум сигурна дека следува подобар живот.

Бев подготвена на тоа се што ќе направи непријателот, но кога немаш аргументи го изнесуваш валканииот веш од дома. Сакам да ставам крај и да не дискутирам бидејќи се што ќе кажам може да биде злоупотребено, завршува пејачката.

Целото интервју погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.