Ако постојано објавувате романтични статуси на Фејсбук, Инстаграм и Твитер – вие сте несигурни во себе. Не го велиме тоа ние, туку истражувањето во кое учествуваа 555 корисници на Фејсбук.
Истражувачите учесниците ги испрашувале за нивните навики во користење на Фејсбук и за тоа што ги мотивира да објават статус.
Се покажа дека одредени теми и водови на објави се поврзани со различни карактери.
Отворените личности објавуваат информации од својот приватен живот, како фотографии од патувања и забави. Дури и оние кои не споделуваат многу детали, но ставаат фотографии од предавања или статуси на интересни теми, спаѓаат во категоријата на отворени луѓе.
Нарцисоидните луѓе имаат потреба за пишување и споделување на нивните успеси, а оние со помала самодоверба најчесто објавуваат романтични статуси, фотографии и песни.
Ф.Г.